Има жртви во силниот земјотрес од 6,9 степени на Филипини

30.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има жртви во силниот земјотрес од 6,9 степени на Филипини

Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs).

Епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила.

- Ова се смета за многу силен земјотрес, изјави директорот на Phivolcs, Тересито Баколкол, во радио-интервју. „Очекуваме штета и очекуваме афтершокови“.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како се уриваат објекти, вклучувајќи две цркви во покраината Себу, а луѓе трчаат во паника на јавниот пазар во Себу Сити. Десетици пациенти од болница во Себу биле евакуирани и сега престојуваат на отворено.

Локалните медиуми јавуваат за „повеќе смртни случаи“ во градот Сан Ремихио во покраината Себу, каде што во спортски комплекс се одржувал кошаркарски натпревар во моментот на земјотресот.

Некои од жртвите биле погодени од урнатини додека се обидувале да избегаат од салата, пренесе Manila Bulletin. Полицијата, исто така, известила дека дете загинало затрупано од урнатини додека спиело во својата куќа во Сан Ремихио. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата