Германски канибал сака на слобода: На жртвата му го отсекол половиот орган, го зготвил со компири и го изел

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германски канибал сака на слобода: На жртвата му го отсекол половиот орган, го зготвил со компири и го изел

Мајвес влезе во германската криминална историја откако ја запознал својата жртва на интернет форум за канибализам. По убиството, тој му го отсекол половиот орган, го зготвил и изел дел од телото, заедно со компири и прокељ.

Тој отслужува доживотна казна затвор за убиство од сексуални причини од 2006 година. Како што открива германскиот весник Билд, Мајвес неодамна поднел ново барање за предвремено ослободување. Неговиот нов адвокат, професор д-р Франк Фуглајн (48), потврдил дека кон средината на јули се одржало рочиште пред Вишиот регионален суд во Касел, кое траело неколку часа, но одлуката сè уште не е донесена.

„ Мајвес бил психолошки оценет во текот на неколку дена. Извештајот од експертите е долг над 100 страници“, рече адвокатот, но одби да даде детали.

Во затворот во Касел, Мајвес работи во перална, каде што има и раководна улога. Благодарение на оваа работа, тој можел речиси целосно да ги исплати трошоците за судење. Редовно присуствувал на католички и протестантски служби, е вклучен во „зелената затворска група“, свири на клавијатура и пее.

Адвокатот Фојглајн го опишува својот клиент како „исклучително интелигентен и пријатен разговорник“, додавајќи: „Разговараме за сè, од религија до планови за иднината. Тој секогаш вели: „Добро сум“. Не го сметам за опасен“.

Наводно, Мајвес има многу малку контакт со надворешниот свет, но има едно лице „кое би можело да го чека кога ќе биде ослободен“, рече адвокатот, одбивајќи да даде дополнителни детали.

Обвинителите се противат на ослободувањето

Од друга страна, канцеларијата на обвинителството во Франкфурт е цврсто против неговото ослободување. Портпаролот, вишиот обвинител Доминик Мис, изјави за Билд: „Веруваме дека осудениот сè уште претставува опасност за општеството и предложивме барањето за условно ослободување да се отфрли“.

Нивното мислење се базира на психијатриски извештај, а Мајвес поднесе слично барање пред пет години, кога било одбиено поради неповолна социјална прогноза.

Се очекува судот да донесе одлука до крајот на оваа година. Доколку биде ослободен, Мајвес планира да води мирен живот во Германија, а можеби дури и да напише книга.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата