-Таквиот потег „најверојатно ќе ја оптовари Германија, изјави конзервативниот политичар, опишувајќи ја перспективата како „далечна можност“.
Тој рече дека Германија е фокусирана на одбрана на територијата на НАТО, истакнувајќи дека е единствената европска земја што има борбена бригада во Литванија.
-Ова не значи дека не можеме да ја поддржиме Украина на други воени и технички начини, додаде Вадефул.
Тој го повтори ставот на Германија дека само Украина може да одлучи дали и под кои услови да отстапи територија.
-Може да преземе таков чекор само ако е сигурна дека руската агресија со која се соочи нема да се повтори - а тоа значи безбедносни гаранции, рече тој.
Вадефул, исто така, нагласи дека водечката улога на Германија во конфликтот е првенствено политичка. Тој додаде дека канцеларот Фридрих Мерц успеал да ги обедини Европејците зад Украина и покрај разликите во националните интереси.
-Ова не беше секогаш случај, забележа Вадефул.