Европските социјалисти ќе ја исклучат партијата на Фицо, Смер од ПЕС

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европските социјалисти ќе ја исклучат партијата на Фицо, Смер од ПЕС

Според нив, претседателот на ПЕС, поранешниот шведски премиер Стефан Левен ќе побара од делегатите на Конгресот да го ратификуваат барањето за исклучување на Смер.

Членството на Смер во ПЕС беше суспендирано во октомври 2023 година, кога Фиц формираше влада со националистичката Словачка народна партија (СНС). Со исклучувањето на Смер од ПЕС, Фицо ќе биде поизолиран на европско ниво.

Фицо ги попречи напорите на ЕУ да ја санкционира Русија и да ја намали зависноста од нејзините енергетски извори. Тој исто така одржува врски со рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг и го обвинуваат за кршење на владеењето на правото во Словачка.

ПЕС ги обединува социјалистичките и социјалдемократските партии од земјите од Европската економска зона и Велика Британија. Конгресот на ПЕС по почнува на 16 октомври во Амстердам. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата