Израелската војска ја нападна Худаида- Хутите повторно на удар

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската војска ја нападна Худаида- Хутите повторно на удар

Израелската војска денеска изврши напад врз јеменското пристаниште Худаида на Црвеното Море, објави телевизијата Ал Масира, станица поврзана со движењето Хути, неколку часа откако Израел нареди евакуација на пристаништето.

Хутите, политичка и воена група која ги контролира најнаселените делови од Јемен, напаѓаат бродови во Црвеното Море во она што го опишуваат како акти на солидарност со Палестинците во Газа.

Тие, исто така, испукаа ракети кон Израел, од кои повеќето беа пресретнати.

Израел одговори со напади врз областите на Јемен контролирани од движењето Хути, вклучувајќи го и виталното пристаниште.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата