Драма во парк во Австрија: Дете натерало врсник да клекне и пукал од пиштолот што му го дал таткото

7.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во парк во Австрија: Дете натерало врсник да клекне и пукал од пиштолот што му го дал таткото

Дванаесетгодишно момче го натерало својот врсник да клекне пред четири други деца на иста возраст, а потоа испукал неколку куршуми во воздух со вистински пиштол „Глок“.

Според истражителите, пиштолот наводно му го дал неговиот татко, кој го поседувал нелегално.

Игралиштето, кое обично е место каде што си играат деца, се претворило во сцена на сериозно заплашување и малтретирање. Инцидентот се случил околу 16:30 часот, кога шест 12-годишници, вклучувајќи едно девојче, биле на игралиштето. Безопасна расправија брзо ескалирала во сериозна тепачка.

Едно од момчињата, од соседниот град Хелденберг, го натерал својот врсник да клекне и да се извини. Кога жртвата одбила да се покори, 12-годишникот извадил вистински пиштол и испукал неколку куршуми во воздух.

Истражителите велат дека игралиштето често е место на конфликт меѓу тинејџери, но дека овој инцидент претставува особено сериозен случај на малтретирање и загрозување на безбедноста на децата. Полицијата во овој регион на Австрија започнале истрага за да ги утврди сите околности на инцидентот и потеклото на оружјето.

Не се пријавени физички повреди, но инцидентот предизвика голема загриженост кај родителите и локалната заедница, кои сега бараат зголемени безбедносни мерки на детските игралишта во Kирсдорф.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата