Данска ќе им ги забрани социјалните мрежи на помлади од 15 години

7.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Данска ќе им ги забрани социјалните мрежи на помлади од 15 години

Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен, во говор пред парламентот во октомври, повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални мрежи постојат за да им го украдат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, а ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.

Данска го следи примерот на Австралија

Повеќето партии во парламентот објавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Децата во Данска најмногу ги користат Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok, соопшти владата.

Според анализата на данскиот орган за конкуренција и заштита на потрошувачите од февруари оваа година, младите луѓе во таа нордиска земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните мрежи. Данска го следи примерот на Австралија, која минатата година воведе забрана за социјални мрежи за лица под 16 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата