Том Круз се жени со Ана де Армас: Свадбата ја планираат во вселената или додека паѓаат од авион

2.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Том Круз се жени со Ана де Армас: Свадбата ја планираат во вселената или додека паѓаат од авион

Според информациите од светските медиуми, двојката разгледува опции што одат подалеку од традиционалните церемонии - од подводна свадба, до кажување на нивните завети за време на скок со падобран, па сè до свадба во вселената.

Извори блиски до двојката откриваат дека Круз, познат по својата страст кон опасни акциони сцени и истражување на вселената, сака нивниот голем ден да биде навистина „поголем од животот“.

Радар онлајн“ објавува дека разгледале неколку различни идеи, а Круз е особено фасциниран од можноста да бидат првиот пар што ќе се венча во вселената. Се споменува и идејата да ги кажат своите завети додека паѓаат со падобран, што јасно покажува дека двојката сака нивната церемонија да биде што е можно поспектакуларна и незаборавна.

Оваа вест доаѓа по месеци шпекулации за нивната врска, бидејќи Круз и Ана се видени заедно на бројни јавни настани. Иако ниту еден од нив јавно не ја потврдил нивната романса, нивните заеднички појавувања ги држат фановите и медиумите во постојана неизвесност.

Том Круз досега беше во брак три пати - со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс. Ана де Армас претходно беше во брак со шпанскиот актер Марк Клоте, а беше и во врска со актерот Бен Афлек.

Треба да се напомене дека овие приказни се шират поради големата вест дека Никол Кидман се развела од Кит Урбан и дека Бен Афлек покажува знаци на љубомора кон врската на Том со Ана.

Иако нема официјална потврда од Круз или Ана де Армас за свадбата, гласините сè уште доминираат. Ќе треба да следиме дали оваа необична свадба навистина ќе се случи, дали под вода, во воздух или можеби надвор од атмосферата на Земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата