Познатиот пар, кој има две ќерки, 17-годишната Сандеј Роуз и 14-годишната Фејт, наводно се разделил претходно оваа година, а актерката поднела барање за развод.
Во судските документи, Кидман наводно побарала да стане главен старател на нивните ќерки. Според договорот, објавен од списанието „People“, девојчињата ќе поминуваат повеќе од 300 дена годишно со нивната мајка, додека 59 дена ќе поминуваат со Урбан. Парот наводно потпишал „план за родителство“ во текот на август и септември. Како дел од планот, 57-годишниот Урбан „веќе ги платил сите обврски за издршка на децата однапред“. Тие исто така се согласиле да не даваат негативни коментари еден за друг во јавноста.
Први јавни појавувања
Откако се појави веста за разводот, и Урбан и Кидман во голема мера се држеа подалеку од медиумското внимание. Сепак, пејачот сега беше фотографиран како излегува од приватен авион во Харисбург, Пенсилванија, пред неговиот настап на 2 октомври. На објавените снимки и фотографии, јасно е дека Урбан не го носи својот венчален прстен.
Од друга страна, Кидман беше видена претходно оваа недела како шета со својата сестра Антонија во Нешвил. На фотографиите објавени од „Mail Online“, актерката беше во спортска облека, а исто така немаше венчален прстен на прстот.
„Непомирливи разлики“ и предбрачен договор
Како причина за разделбата, Кидман ги наведе непомирливите разлики, истата формулација што Џенифер Лопез ја користеше минатата година при разводот од Бен Афлек. Еван Шајн, адвокат во фирма од Њујорк специјализирана за семејно право, објасни што значи тој термин.
„Непомирливите разлики се во суштина развод без вина и му дозволуваат на едниот брачен другар да поднесе барање за развод без да наведе основа или вина“, рече тој. „Ова е широко користен термин за поднесување барање за развод.“
Шајн додаде дека паровите кои имаат предбрачен договор можат да го забрзаат својот развод. „Доколку имаат предбрачен договор, тогаш поголемиот дел од финансиските услови за нивниот развод веќе ќе бидат договорени“, рече тој.
Наводно, Урбан и Кидман имаат „клаузула за кокаин“ во нивниот предбрачен договор според која Урбан, кој има историја на проблеми со злоупотреба на супстанции, ќе добива 600.000 долари од Кидман за секоја година што ќе остане трезен. Доколку Урбан бил трезен во текот на сите 19 години од нивниот брак, би можел да добие исплата од 11 милиони долари од неговата сопруга.