Тимоти Шаламе доби награда „Давид“ за извонредни достигнувања

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тимоти Шаламе доби награда „Давид“ за извонредни достигнувања

Тимоти Шаламе ја доби италијанската награда „Давид ди Донатело“ за извонредни достигнувања во кинематографијата на 70. издание на доделувањето на овие награди вчеравечер во студиото „Синесита“ (Cinecittá) во Рим. Наградениот глумец го истакна филмот „Викај ме со твоето име“ на италијанскиот режисер Лука Гвадањино врз својата кариера.

- Лука е, веројатно, најважната личност во мојата кариера... Почнав како 20-годишно дете од Њујорк, на кое му беше тешко да се пробие во американската филмска индустрија. (Подемот на) Мојата кариера се случи преку ноќ благодарение на Лука Гвадањино и шансата што тој ми ја даде да глумам во италијански филм, рече Шаламе, кој присуствуваше на настанот со својата девојка и татко сѝ Марк Шаламе.

Кога Шаламе ги доби првите номинации за најдобар глумец за италијанско-американскиот филм во 2017 година - тој имаше 22 години.

Француско-американскиот глумец и неговата девојка Кајли Џенер вчера првпат заедно зачекорија на црвен тепих, со што јавно ја официјализираа својата врска, и покрај тоа што две години се заедно, според американските медиуми.

- Немам семејна крвна линија што „тече“ низ Италија. Не сум поврзан со никого овде, но чувствувам длабока поврзаност со кинозаедницата овде... Да не го остварев мојот сон за глумата, веројатно ќе го соборев рекордот на Франческо Тоти, продолжи Шаламе, мислејќи на поранешниот капитен на фудбалскиот клуб АС Рома, чиј навивач е самиот.

Пјера Детасис, претседателка и уметничка директорка на Академијата за италијанска кинематографија, „Европско-американското потекло на Тимоте Шаламе го прават еден од најнепредвидливите и најталентираните протагонисти на меѓународната кинематографија денес, способен да биде и авторски изведувач и ѕвезда“ која генерира трендови и стилови.

Меѓу фаворитите за овогодишните филмски награди „Давид“ се „Партенопа“ на Паоло Сорентино, „Големата амбиција“ на Андреа Сегре, „Вермиљо“ на Маура Делперо и „Уметноста на радоста“ на Валерија Голино.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата