Брена објави фотографија од својата вила на Бежанијска коса каде позираше покрај торта на која има диско топки и касета, детали што симболично потсетуваат на нејзината богата кариера.
Без грам шминка и со очила за вид, Брена собра комплименти, како за нејзиниот природен изглед, така и за веселиот дух што го опиша со нејзиниот хит „Боли ме уво за све“.
Со оваа фотографија, Брена им се заблагодари на сите свои пријатели и обожаватели за честитките за нејзиниот прекрасен ден.
- Драги пријатели, ви благодарам на сите за најубавите желби за роденден. Вашите пораки, честитки и љубезни зборови ми го разубавија денот и го направија особено среќен. Многу го ценам вашето внимание, љубов и време што одвоивте да ми испратите убави желби. Ви благодарам што сте дел од мојот живот и што го направивте овој роденден незаборавен. Вашата Брена ве сака - напиша мегапопуларната Брена.