Таа, имено, ќе биде дел од претстојната ТВ-серија „Томб рајдер“ (македонските дистрибутери го преведуваат насловот како „Ограбувачи на гробници“). Предводена од креаторката Фиби Волер-Бриџ, Тарнер ја презема улогата што претходно ја одиграа Анџелина Џоли (2001, 2003) и Алиша Викандер (2018). Порталот „Фар аут“ потсетува дека Тарнер со години беше во трка за оваа улогата којашто најверојатно ќе ја направи акциона ѕвезда, а друг можен избор беа Мекензи Дејвис, Ема Меки и Луси Бојнтон.
Зборувајќи за кастингот, Волер-Бриџ изрази дека е возбудена за проектот.
- Многу сум возбудена што ја најавувам импресивната Софи Тарнер како нашата Лара, заедно со овој феноменален креативен тим, нагласи авторката на новиот проект.
И Софи Тарнер рече дека е едвај чека да ја глуми Лара Крофт и вети дека ќе даде сè од себе за да го направи тоа како што најдобро може. Иако истакна дека ќе мора „да обуе нечии огромни чевли“, Тарнер вели дека е подготвена за предизвикот.
- Со Фиби на чело, сите сме во многу сигурни раце. Едвај чекам сите да видите што имаме во план, рече глумицата.
Засега, други глумци не се соопштени. ТВ-серијата е во претпродукција. /МИА