Ријана ја сподели убавата вест преку социјалните мрежи.
На објавената фотографија, пејачката ја држи својата новородена ќерка во раце, а го откри и нејзиното име: Роки Ајриш Мајерс, 13 септември 2025 година. Обожавателите ѝ испратија бројни честитки во коментарите по повод новото бебе.
Ријана постојано во интервјуа изјавуваше дека има голема желба да има ќерка. Таа веќе има два сина со ASAP Rocky: тригодишниот RZA и двегодишниот Riot Rose.
Кога неодамна беше прашана како RZA и Riot реагираа на веста дека семејството наскоро ќе се прошири, пејачката со насмевка рече дека се „возбудени“. Новинарите потоа се интересираа дали очекува девојче. - Ќе мора да почекате и да видите - одговори таа тогаш, додавајќи дека третото дете, како и претходното, ќе има име што почнува на буквата R - што сега стана традиција што таа очигледно ја продолжила.