Парот претходно присуствувал на промоцијата на нова песна од сестрата на Катарина, Тијана Матиќ. На прославата присуствувала и пејачката Андреана Чекиќ, кума на Дарко, а според гласините, во белградскиот клуб каде што се одржувала промоцијата, избувнала расправија, објави Телеграф.
Андреана Чекиќ во еден момент го држела микрофонот со Дарко, а еден гостин од прославата ѝ пришол и ја замолил да отпее тажна песна, што таа го одбила.
Се вмешал и фолк пејачот Дарко Лазиќ, велејќи дека пригодата е прекрасна и дека не треба да се пеат тажни песни, а потоа наводно избувнала жестока расправија поради протестот.
Дарко Лазиќ подоцна го напуштил клубот лут на Каќа, само за набргу потоа да доживее несреќа на автопатот.
Очевидец на несреќата го опиша застрашувачкиот момент кога Дарко Лазиќ бил извлечен од автомобилот
Сведок на сообраќајната несреќа, Милена С., раскажа што се случило кога Дарко Лазиќ излегол од смачканиот автомобил.
- Воздушните перничиња беа отворени, а го видов возачот како го брише лицето со рака, се чинеше дека ја брише крвта од очите и устата. Страшната сцена ме наежи. Не препознав дека е пејачот Дарко Лазиќ - рече Милена С., а целата приказна можете да ја прочитате на порталот „Република“.