Телото на Панчо утрово беше изложено во црквата „Св. Илија“ во скопската населба Аеродром, каде што се одржа литургија, а голем број граѓани и негови колеги се собраа да оддадат последна почит.
Меѓу присутните се, Тамара Тодевска, Лозано, Рпоберт Билбилов, Пере Нокаут и останати колеги и соработници.
Опелото започнува во 12 часот, по што следи погребот. Со смртта на Панчо, бројот на жртви од трагедијата во дискотеката „Пулс“ се искачи на 63 лица. Вчера, на плоштадот „Слобода“ во Штип, се одржа комеморативен настан под мотото „ѕвездено небо во чест на Панчо“, како симболичен израз на благодарност и сеќавање од неговите сограѓани и обожаватели.