Фото: Том Хенкс фотографиран во јавен превоз

19.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Том Хенкс фотографиран во јавен превоз

Славниот оскаровец, мегапопуларниот актер Том Хенкс се возеше со њујоршкото метро и уште еднаш покажа дека е една од најскромните холивудски ѕвезди.

Актерот, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, беше облечен како и секој обичен човек во тексас јакна и фармерки а носеше маска за лице.

Сепак, иако се обидуваше да остане непрепознатлив, вистинските обожаватели не можеа да го пропуштат, а неговите фотографии од метрото брзо се проширија на социјалните мрежи.

Хенкс изгледаше целосно опуштен за време на возењето - стоеше близу вратата и ја гледаше толпата како и секој друг патник.

Иако актерот сигурно има личен возач, тој им се придружи на сè поголемиот број познати личности кои беа видени како го користат метрото за да се движат низ Менхетен во последните месеци, вклучувајќи го и актерот Харисон Форд, пишува Дејли Меил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата