Во емисијата „CBS News Sunday Morning“, пејачката и актерка (56) призна дека раскинувањето со Афлек (53) било „најдоброто нешто што некогаш ми се случило“.
„Тој ми помогна да растам на начин на кој требаше да растам“.
Интересно е што Афлек е извршен продуцент на нејзиниот нов филм „Kiss of the Spider Woman“, кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал Санденс во јануари, истиот месец кога поранешната двојка официјално го заврши својот брак.
Лопез се сеќава дека работењето на проектот се случило среде еден бурен период во нејзиниот личен живот.
„Беше многу тешко. Секој момент на снимањето беше радост, а дома не беше баш најдобро. Се прашував себеси: „Како да функционирам во ова?“
Љубовна приказна со подеми и падови
Пејачката и актерот првпат се запознаа во 2002 година и набрзо се свршија, но раскинаа во 2004 година. По години разделен живот и други бракови, тие повторно се соединија во 2021 година и се венчаа во Лас Вегас во јули 2022 година, по што следеше церемонија во Џорџија. Сепак, две години подоцна, Лопез поднесе барање за развод поради „непомирливи разлики“.
Фокус на кариерата и нови предизвици
Според извор близок до пејачката, Лопез денес се чувствува добро и е посветена на својата кариера, особено на промоцијата на филмот „Бакнеж на жената-пајак“, кој го нарекува свој страствен проект.
„Таа долго време го чекаше овој момент. Среќна е и благодарна за својот живот“, открил инсајдерот.