Вечното дерби во Хрвaтска за „модрите“: Динамо (З) повторно го расплака „Пољуд“

20.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вечното дерби во Хрвaтска за „модрите“: Динамо (З) повторно го расплака „Пољуд“
фото: HNK Hajduk Split (Facebook)

И вторпат едноподруго Динамо (З) слави на гостувањата на „Пољуд“ против лутиот ривал Хајдук во дербито на „вечните“ во хрватскиот фудбалски шампионат. Мечот на лидерите во хрватската Прва лига заврши со победа на „модрите“ од 0:2, по што тимот од Загреб го презема лидерството на првенствената табела.

Победата на Динамо (З) ја донесоа Хоџа со голот во 44. минута и оној на Бакрар во 81. минута од средбата. Домашните не успеаја да искористат ниту една шанса за да дојда до подобар резултат.

Standings provided by Sofascore

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата