Црвена Звезда го доби 177. дерби на „вечните“ во Белград

20.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црвена Звезда го доби 177. дерби на „вечните“ во Белград
фото: hotSport (X)

Во големото дерби на вечните ривали од Белград, Партизан и Црвена звезда, победата ја однесоа гостите, кои славеа на стадионот „Хумска“ со 1:2. Во дуелот на непоразените во досегашниот дел од сезоната, шампионот успеа да направи предност од 0:1 со голот на Елшник во 28. минута, по што со овој резултат се замина и на одмор.

Во второто полувреме, „црвено-белите“ успеаја да зголемат и на 0:2 со погодокот на Радоњиќ во 60. минута, но Партизан успеа да се врати во игра благодарение на голот на Милошевиќ во 74. минута.

Во завршницата Црвена звезда имаше „зицер“ за да ја запечлати победата, но двајца фудбалери на гостите се сплекткаа пред празниот гол на Партизан и не успеаја да постигнат гол.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата