Голманот на германскиот бундеслигаш Фрајбург, Ноа Атуболу, постави рекорд во Бундеслигата по број на одбранети пенали.
23-годишниот Германец го одбрани пеналот на Романо Шмид во 59-тата минута од натпреварот од 4-тото коло против Вердер, кој неговиот тим го доби со 3:0 и тоа на гостински терен.
Атуболу со тоа го запиша и петтиот одбранет пенал по ред, што е рекорд во германското првенство. Голманот има повеќе одбрани на пенали отколку примени голови во лигата. Тој примил гол само во три наврати кога противниците биеле од белата точка.