Тудор си замина и Јуве почна да победува, нови три бода за Рома и Комо!

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тудор си замина и Јуве почна да победува, нови три бода за Рома и Комо!
ФОТО: Juventus/FB

Требаше Игор Тудор да си замине од тренерска позиција за да Јувентус да почне да победува. Вечерва во меч од 9.коло во Серија А, гигантот од Торино пред своите фанови славеше против Удинезе со 3:1.

Јуве беше поквалитетен тим и заслужено победи и стави крај на црната серија од шест меча без победа во Серија А.

Влаховиќ од пенал во 5.минута донесе водство. Удинезе израмни во 45+1.минута со голот на Заниоло, сепак Гати и Јилдиз, од пенал, донесоа победа.

Тимот на Јуве го водеше Масимо Брамбиља во очекување на официјализирање на ангажманот на Лучиано Спалети.

Рома на свој терен славеше со 2:1 против Парма за нови три бода и за останување на делба на лидерската позиција на табелата.

Комо со 3:1 ја победи Парма, тимот на Фабрегас продолжува со одличните резултати.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата