Страшен е овој Баерн, сега има „14 од 14“!

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшен е овој Баерн, сега има „14 од 14“!
ФОТО: FC Bayern München/FB

Уф, овој Баерн Минхен е страшен. Келн вечерва на свој терен во рамките на 1/16 финалето во Купот на Германија поведе со голот на Аке во 31минута, и тоа само ги разгневи “Баварците“.

Следуваше страшна казна, четири голови и тоа два на Кејн, еден на Диас и еден на Олисе за победа на тимот на Компани од 1:4 и за пласман во следната фаза во ова натпреварување.

Што е поважно, Баерн Минхен сега има “14 од 14“ од стартот на оваа сезона.

Неверојатно, ова е најдобар старт на еден тим во ТОП 5 лигите во Европа.

Никој како Баерн кој стан вистинска фудбалска машина.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата