Тотенхем извади бод кај Брајтон, нов дебакл за Волвс и Вест Хем (ВИДЕО)

20.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тотенхем извади бод кај Брајтон, нов дебакл за Волвс и Вест Хем (ВИДЕО)

Тотенхем се спаси и избегна пораз на гостувањето кај Брајтон, откако одигра 2:2, иако домашните во еден одличен меч долго време имаа предност од 2:0. „Галебите“ тргнаа моќно и уште во првиот дел направија предност од два гола, со погодиците на Минтех и Ајари. Тотенхем успеа во второто полувреме да се созаме, па најпрво преку ришарлисон намали на 2:1, а потоа со автоголот на Ван Хеке и да се избори за еден важен бод од ова тешко гостување.

Изненадувањето ова попладне се случи на „Мулинекс“, каде Лидс Ј. со голем пресврт стигна до втората сезонска победа. Гостите славеа со 1:3, иако и овде домашните тргнаа со водство со голот на Крејчи. Упорните гости до крајот на првото полувреме успеа да ги постигнат сите три гола и да го најават големиот триумф. Погодоците за Лидс Ј. ги постигнаа Калверт-Луин, Стах и Окафор.

Без победник беше во Барнли, каде гостите успеаја со голот на Неко Вилијамс да поведат уште по 2 минути игра, но домашните во 20. минута преку Ентони се вратија за 1:1 што беше и конечен резултат на натпреварот.

Во последниот попладневен дуел, Вест Хем нанижа нов пораз, овој пат на домашен терен против градскиот ривал Кристал Палас. „Орлите“ славеа со 1:2 со головите на Матета и Мичел, додека голот за „чеканите“ го постигна капитенот Боувен.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата