Се случи и тоа, Шведска за прв пат отпушти селектор

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се случи и тоа, Шведска за прв пат отпушти селектор

Репрезентацијата на Шведска за прв пат во својата историја отпушта селектор. Јон Дал Томасон, не е повеќе селектор на оваа репрезентација по очајниот старт на квалификациите. Шведска има само еден бод по четири мечеви во Групата Б, по што раководстово на федерацијата се одлучи за промени. Косово беше моментот, кој ја „прели чашата“, затоа што ја победи Шведска со 0:1.

 „Одлуката донесена од одборот на асоцијацијата се базира на фактот дека машката репрезентација не ги постигна резултатите на кои се надевавме. Сè уште постои шанса за плејоф во март и наша одговорност е да обезбедиме најдобри можни услови за да можеме да стигнеме до плејофот за Светското првенство. Во оваа смисла, проценуваме дека е потребно ново раководство во форма на нов тренер.“ – стои во соопштението на федерацијата.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата