Повредата на Мбапе не е сериозна, Алонсо ќе го има на располагање за следните натпревари

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повредата на Мбапе не е сериозна, Алонсо ќе го има на располагање за следните натпревари
фото: Real Madrid C.F. (X)

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе нема сериозна повреда и за брзо време ќе се врати на тренинзите со „кралскиот клуб“. Сепак, Мбапе ќе паузира неколку дена поради нелагода во пределот на зглобот со која се задобил на натпреварот против Азербејџан во рамките на квалификациите за светското првенство.

И покрај тоа што Мбапе ќе се врати на тренинзите два дена подоцна од своите соиграчи, се очекува тој да биде во стартната постава за натпреварот против Хетафе кој ќе се одигра во Недела.

За разлика од Реал Мадрид кој засега нема поголеми проблеми со повреди и најверојатно ќе има комплетен состав за „Ел Класико“, Барселона се наоѓа во многу покомплицирана ситуација и има дури 8 повредени првотимци кои се неизвесни за најголемиот дуел во сезоната кој ќе се одигра на 26 октомври на Сантиаго Бернабеу.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата