Кристијано Роналдо продолжува да урива рекорди и во петтата деценија од животот

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кристијано Роналдо продолжува да урива рекорди и во петтата деценија од животот
Фото: Кристијано Роналдо X

Кристијано Роналдо и на 40 годишна возраст докажува дека е неприкосновен во фудбалската игра и руши рекорди на најголемата сцена. Капитенот на португалската репрезентација стана најдобар стрелец во историјата на квалификациите за СП.

Со голот против репрезентацијата на Унгарија, Роналдо се осамостои на првото место со 40 постигнати погодоци пред Гватемалецот Карлос Руиз кој има еден гол помалку.

За репрезентацијата на Португалија, Роналдо има 142 гола и 45 асистенции на 225 натпревари. Исто така ова е и 947 гол в кариерата на неверојатниот Роналдо.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата