Се „клатат“ селекторските столчиња во регионот: Илиев си заминува од кормилото на Бугарија

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се „клатат“ селекторските столчиња во регионот: Илиев си заминува од кормилото на Бугарија

Репрезентацијата на Бугарија има многу лош период во Мундијалските квалификации, и според информациите кај нашиот источен сосед, нивниот сегашен селектор Илиан Илиев нема повеќе да ја води селекцијата.

Поточно, тензиите околу националниот тим на Бугарија, предизвикани од лошите резултати, притисокот од јавноста и пред се навивачите на мечевите, доведоа до тоа Илиев да биде на излезна врата од репрезентацијата.

Во моментов секако дека не е јасно кој би бил негов наследник но наводно од Федерацијата сметаат дека треба да биде некој искусен бугарски стратег.

Моментално на располагање се Димитар Димитров, Стојчо Младенов и Љубо Пенев. Првиот се чини дека е главен фаворит, вториот се откажа од тренерската работа пред некое време, а третиот има најмали шанси.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата