Рашфорд: Не кријам, размислуваме само како да ја освоиме Лигата на шампионите

19.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рашфорд: Не кријам, размислуваме само како да ја освоиме Лигата на шампионите
фото: Barcelona (X)

Маркус Рашфорд беше херојот на Барселона синоќа во победата над Њукасл на гостински терен во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Англичанецот по натпреварот изјави дека ова за него е големо и одлично искуство.

„Одлично искуство е да се игра за Барселона. Бев голем обожавател на клубот. Навивачите дојдоа и сакаа да видат одличен фудбал. Не е лесно да се игра тука“, рече Рашфорд.

Рашфорд не крие дека има за цел да ја освои Лигата на шампионите со Барселона.

„Многу сум возбуден. Квалитетот што го имаме ме прави возбуден. Тимот е млад, игра со многу самодоверба и разбирање на играта. Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, не размислуваме за ништо друго. Знаеме колку е тешка конкуренцијата. Оваа година се работи само за подобрување и за преминување на следниот чекор“, рече Рашфорд.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата