Три англиски тима се меѓу петте најголеми фаворити за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона. Според последната анализа на компанијата „ОптаСпорт“, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити се наоѓаат во листата на ТОП 5 најголеми фаворити за шампионскиот пехар.
Според анализата на „ОптаСпорт“, Ливерпул е на првото место на листата со скоро 20% прогнозирани шанси на крајот на сезоната да го крене „пехарот со уши“. На второто место е Арсенал, кој има прогнозирани 16,64% шанси за европската титула. На третото место на листата на фаворити е ПСЖ, кој ја брани европската титула. За парижани проценетите шанси за одбрана на европскиот трон се 12,17%.
Следува на четвртото место Барселона, додека на петтото место е кипата на Манчестер Сити. Во ТОП 10 фаворити за европската титула се и Баерн (6), Реал (7), Челзи (8), Интер (9) и Њукасл (10).