Просинечки е пред отказ на кормилото на Црна Гора

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Просинечки е пред отказ на кормилото на Црна Гора

По синоќешниот дебакл на Максимир, во кој репрезентацијата на Црна Гора во рамките од тековните Мундијалски квалификации загуби со високи и убедливи 4:0 од домаќинот Хрватска, огромни се шансите црногорците да останат без селектор.
Поточно, искусниот Роберт Просинечки да не го дочека крајот на овие квалификации. Црна Гора има само шест бодови од пет меча, и е предпоследна во групата.

„Простување? Не знам… си заминуваме дома, па ќе разговарам со раководсвото на федерацијата. Не е лесно да се биде во ваква ситуација“ – кратко изјави Просинечки околу евентуалното негово заминување.

Јавноста во Црна Гора е гневна, лошата изведба на репрезентацијата синоќа беше само круна на очајниот период кој оваа селекција го минува во моментов.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата