Гатузо: Хаос, најлудиот меч во мојата кариера

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гатузо: Хаос, најлудиот меч во мојата кариера
ФОТО: Nazionale Italiana di Calcio/FB

„Аѕурите“ славеа со 5-4 против Израел, а победија во судиското продолжение благодарение на голот на Сандро Тонали.

Гатузо беше видливо емотивно исцрпен по натпреварот и важната победа во борбата за место на Светското првенство.

„Денес беше хаос. Беше најлудиот натпревар во кој сум бил како тренер, но тоа е мој проблем, а не проблем на играчите. Ако сакаме да играме на одреден начин, мора да се подобриме“, рече селекторот на Италија, додавајќи:

„Бевме луди затоа што постојано напаѓавме, а токму тоа го чекаше Израел – тие нè казнуваа секој пат на контранапад. Кога водевме, можевме да се браниме подлабоко“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата