„Жежок“ старт на вечерашниот дуел од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на ПСВ Ајндховен и Наполи. На десетина часа од стартот на дуелот вечерва, од Холандија се протерани 180 навивачи на Наполи, поради нарушување на редот и мирот во строго одредената фан зона за нив.
Нивните билети кои биле уредно купени од претходно биле откажани и тие немаат никакви шанси да влезат и да го следат натпреварот во живо.
Според извештаите, навивачите на Наполи не биле вклучени во никакви судири или инциденти, туку биле уапсени и протерани од земјата за да се избегне токму таков момент.
Биле замолени да го напуштат центарот на градот, што тие одбиле да го сторат и да се вратат во строго пропишаната фан зона но тие тоа не го сториле по што следувала депортацијата.