Арсенал му се извини на Атлетико за немање топла вода на „Емирати“ стадионот

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал му се извини на Атлетико за немање топла вода на „Емирати“ стадионот

Вечерашниот дуел од Лигата на Шампионите помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, кој што секако е означен како дерби на денешниот распоред имаше интересна најава и претходница.

На вчерашниот официјален тренинг, играчите на Атлетико Мадрид на „Емирати“ стадионот ги дочека несекојдневна ситуација. Во соблекувалните немаше топла вода за да се искапат по обавениот тренинг.

Тимот ја заврши тренингот 15 минути порано и се врати во хотелот за да можат играчите да се истушираат.

Фудбалерите на Атлетико беа бесни поради ситуацијата, тврди Марка. Шпанскиот клуб дури испрати и официјална жалба до УЕФА.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата