Подобар и од Салах и од Де Брујне: Бруно направил 560 гол-шанси во последните пет години

20.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Подобар и од Салах и од Де Брујне: Бруно направил 560 гол-шанси во последните пет години

Португалскиот играч за врска и капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш е најдобриот креатор на шанси за голови во англиската Премиер лига во последните 5 години. Според статистичките податоци кои беа објавени, Бруно од 2020 година, па досега, има направено 560 гол-шанси за своите соиграчи во клубот, многу повеќе од кој било друг фудбалер во англиската елита.

На второто место на оваа статистичка низа се наоѓа сега веќе поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне кој има креирано дури скоро 130 гол-шанси од Португалецот. Третото место во листата го има Мохамед Салах од Ливерпул, кој во последните 5 години направи 379 гол-шанси за своите соиграчи во составот на „црвените“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата