Нотингем Форест пронајде замена за Постекоглу

20.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нотингем Форест пронајде замена за Постекоглу

Според информациите кои пристигнуваат од Англија, тимот на Нотингем Форест пронајде замена за испразнетото менаџерско место на Енџи Постекоглу. Тоа е искусниот Шон Дајч, кој ќе биде трет менаџер по Постекоглу и Нуно Еспирито Санто од почетокот на сезоната.

Тој според информациите веќе има усен договор со менаџментот на тимот, и се чека на официјализација.

Други опции што ги разгледува сопственикот Евангелос Маринакис се Роберто Манчини и менаџерот на Фулам, Марко Силва. Португалецот е еден од фаворитите на грчкиот бизнисмен, но клубот не може да си дозволи да плати отштета за него поради прописите за финансиски фер-плеј. Нотингем Форест веќе им исплати отштета на Санто и Постекоглу по нивните отпуштања.

Дајч е без работа од февруари, кога беше отпуштен од Евертон. Неговата играчка кариера започна во Нотингем Форест кон крајот на осумдесетите кога Брајан Клоф беше на чело на тимот. Сепак, Дајч никогаш не запиша ниту една минута за првиот тим на Форест.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата