Сега е и официјално.Она што се најаваше неколку денови,сега е и потврдено од страна на Фиорентина. Имено Стефано Пиоли од денеска не е веќе тренер на клубот од Фиренца.
Ова доаѓа откако Фиорентина под водство на Пиоли имаше катастрофален старт на сезоната. Десет меча без победа и само четири освоени бодови, па јасно е дека разделбата беше неминовна.
Да потсетиме дека откако беше тренер во Серија А на Милан, Интер, Лацио, тој извесно време мина и во Саудиска Арабија во тимот на Кристијано Роналдо, Ал Наср, но и таму не се прослави па доби отказ.
До назначување на нов стратег, тимот ќе го предводи Даниеле Галопа.

