Официјално: Белингам е нов “крал“! (ФОТО)

14.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Белингам е нов “крал“! (ФОТО)

И официјално, Џад Белингам е нов член на Реал Мадрид, предмалку најголемиот клуб во светот потврди дека фантастилниот играч за врска, кој има само 19 години потпиша за “кралевите“.

Па така тој од денеска и официјално е нов фудбалер во тимот на стратегот Карло Анчелоти.

Англичанецот потпиша шестгодишен договор, тоа значи дека на “Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до 2029 година. За него “кралевите“ и платија 103 милиони евра отштета на Борусија Дортмунд и плус разни бонуси, или вкупно близу 140 милиони евра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата