Италијански лигаш ставен под судски мерки поради врски со мафијата

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијански лигаш ставен под судски мерки поради врски со мафијата

Се работи за второлигашот, Јуве Стабија кој што доаѓа од предградието на Наполи, Кастелмаре ди Стабија. Каде што со векови злогласната Камора има сериозно влијание врз се што се случува.

Па така, по долга истрага, дојдено е до сериозни индиции, информации, и предистражни дејствија кои налагаат дека Камора е сериозно инфилтрирана во финансиското функционирање на клубот. И дека поради ова потребна е институционална интервенција.

Јуве Стабија, во моментов ја води структура која што ги наследила овие појави уште од минатото, и дека истите не успеале да се справат и да стават крај на инволвирањето на непосакуваните структури.

„Брера Холдингс“, компанија со седиште во Ирска со интереси во фудбалски клубови, купи 52% од акциите на клубот во јуни. Јуве Стабија и Брера не одговорија веднаш на обвинувањата. Луѓе поврзани со кланот Камора Д’Алесандро ја контролираа продажбата на билети, угостителството, чистењето, здравствените услуги, па дури и патувањата на првиот тим, соопштија обвинителите и полицијата. 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата