Одбрани најдобрите фудбалски школи на светот, има две и од Балканот

23.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одбрани најдобрите фудбалски школи на светот, има две и од Балканот
Premier League U21 International Cup 2026

Меѓународниот центар за спортски студии, CIES, во својот најнов извештај ги објави стоте најдобри клубови според индексот на тренинзи, земајќи го во обзир бројот на играчи кои биле во тренажен процес, нивото на кое што клубот се натпреварувал, како и официјалната минутажа на играчите.

Па така, според индексот кој се сумира, и кој се прави според сите параметри се рангираат десетте најдобри школу, односно клубовите кои што најдобро работат со младинските категории.

На прво место е фабриката за млади фудбалери од Лисабон, Бенфика која што има коефициент 105.1. Следна е „Блауграна“ на Барселона, додека пак трет е легендарниот аргентински клуб Ривер Плата.

По Ајакс, Бока Јуниорс и Спортинг, следува еден балкански клуб, каде што годивине минаа многу македонски младински но и сениорски репрезентативци. Тоа е Динамо Загреб кој што се наоѓа на престижното седмо место на оваа листа, и која што само го потврдува начинот на кој што овој европски но и светски фудбалски гигант работи годиниве и какви одлични резултати постигнува.

Доказ за тоа се е мулти милионските трансфери што Динамо Загреб ги прави со своите играчи од младинската школа.

Конечно, на единаесеттото престижно место се наоѓа и тимот на Црвена Звезда од Белград која што идентично како и Динамо, одлично котира кога станува збор за младите играчи кои не ретко добиваат шанса во првиот тим, а потоа се мета на европските гиганти, кои се подготвени да платат десетици милиони евра за нив.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата