Рафа Бенитез веќе е во Атина каде што би требало да ги заврши преговорите со Панатинаикос и да седне на клупата на овој грчки гигант. Шпанецот, освојувачот на ЛШ со Ливерпул пред точно 20 години во Истанбул, како што се шпекулира во медиумите во Грција ќе биде платен 4 милиони евра годишно, што е рекордна сума во таа земја.
Инаку на Бенитез ова ќе му биде 17-то назначување како тренер во некој клуб и прво после 20 месеци откако минатата година доби отказ во Селта.
Се очекува Бенитез да биде официјално претставен на јавноста како нов тренер на Пантинаикос во сабота, на ден пред мечот со Астерас Триполис.