Новиот тренер на Миовски во Ренџерс доаѓа од Кина?

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот тренер на Миовски во Ренџерс доаѓа од Кина?
фото: Sacha Pisani (X)

Според „Скај Спортс“, Ренџерс го имаат австралискиот тренер Кевин Мускат како прва опција за менаџерското место во тимот по отказот кој му го врачија на Расел Мартин.

Шкотскиот гигант во чии редови игра и нашиот Бојан Миовски, сè уште не донесе замена за Расел Мартин, кој беше отпуштен од функцијата пред 10 дена. Стивен Џерард наводно одбил да се врати, а се вели дека и Данецот Бо Свенсон ја одбил понудата.

Сега Шкотланѓаните го насочија кон Кина, каде работи 52-годишниот Кевин Мускат, кој е на чело на Шангај Порт. Тој е прв кандидат за преземање на палката во тимот, но во игра остануваи поранешниот менаџер на Шефилд Венздеј, Дени Рол.

Ренџерс моментално се наоѓаат на осмото место во Премиер лигата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата