Мареска на „ладење“ еден натпревар

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мареска на „ладење“ еден натпревар

Тимот на Челзи во следноот коло, викендов, ќе мора да биде без менаџерот Енцо Мареска на клупата. „Сините“ на гостувањето кај Нотунгем Форест в сабота, ќе мора да ги води некој од неговите помошници, затоа што Мареска е суспендиран на еден натпрерар.

Причина за тоа е црвениот картон кој што тој го доби на дербито против Ливерпул одиграно на 4 октомври кога Челзи со гол во петтата минута од продолжението победо со голот на Естевао. По постигнувањето на голот, и конечните 2:1, Мареска прослави но недолично, по што ФА нормално го казни.

Мареска ја прифати казната, што е стандардна за ваквиот тип на прекршоци, а згора на тоа и ќе си плати 8000 фунти.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата