Москера ја менува Шпанија со Колумбија

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Москера ја менува Шпанија со Колумбија

Многу често се случува да фудбалерите од светко ниво ги менуваат репрезенаттивните бои. Имаме такви примери многу, да еден играч настапувал за младинските категории на Германија, Франција, Англија, а да потоа ги промени националните бои, и настапува за репрезентацијата од каде што потекнува тој и неговото семејство.

Таков последен пример најверојатно ќе биде играчот на Арсенал, Кристијан Москера. Тој, како што објавува денешен АС најверојатно ќе ја прифати понудата да настапува за Колумбија, иако е роден во Аликанте, Шпанија, и има десетици настапи за младинските селекции на „Фуријата“.

Сепак, нема дебитирано за А репрезентацијата на Шпанија, па Колумвија планира да го искористи тоа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата