Бремер е опериран, се враќа во декември

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бремер е опериран, се враќа во декември

Бразилскиот дефанзивец на тимот на Јувентус, Бремер, успешно е опериран. Поточно извршена е артроскопија на неговото колено, она истото поради кое што беше опериран пред една година.
Оваа информација ја потврди и самиот клуб, кој што потврдува дека дефанзивецот ќе паузира до декември.

Бремер кој што во моментов има 28. години минатата сезона ја заврши токму во овој месец поради скинати лигаменти на коленото, и конечно на стартот на оваа сезона беше потполно опоравен за да се врати на терените.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата