Челзи го победи Вулверхемптон на „Стемфорд Бриџ“ со 3:0 во меч од 9-то коло од Премиер лигата. Рутинската победа за „сините“ се чини и беше очекувана, но гостите денеска ни оддалеку немаа сила да се заканат пред домашниот гол.
Мало Густо го постигна својот прв гол за Челзи во 51-вата минута, а Жоао Педро постигна гол на два последователни натпревари и зголеми на 2:0.
Педро Нето го заклучи триумфот со гол во 73-тата минута по втората асистенција на Алехандро Гарначо.

