Елмас не му се израдува на јубилејот, шампионот поразен во Болоња!

9.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елмас не му се израдува на јубилејот, шампионот поразен во Болоња!
ФОТО: SSC Napoli/FB

Елиф Елмас не успеа да му се израдува на јубилејот. Имено Дијамантот попладнево го одигра својот 200-ти меч за Наполи, но нема по добро да го памети, ако се знае дека Болоња со 2:0 успеа да го победи шампионот.

Македонскиот репрезентативец и денеска беше стартер, одигра сосема солидно, имаше шанса за гол во 19.минута, но стратегот Антонио Конте се одлучи во таа 68.минута да го извади од игра.

Да кажеме дека стрелци на головите за победничкиот состав беа Далинга во 50.минута и Лукуми во 66.минута.

Ова е трет пораз на тимот од Неапол, со кој го изгуби и водечкото место на табелата во Серија А.

Пораз во незгодно време за составот на стратегот Антонио Конте.

На вториот меч попладнево од терминот од 15 часот, Џенова и Фиорентина одиграа без победник, 2:2.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата