Леверкузен и Менхегладбах одиграа без победник! Унион Берлин во голеда со победа кај Франкфурт!

21.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Леверкузен и Менхегладбах одиграа без победник! Унион Берлин во голеда со победа кај Франкфурт!
ФОТО: Bayer 04 Leverkusen/FB

Леверкузен беше блиску до втората победа во сезоната досега, втора по заминувањето на Тен Хаг, но тоа не се случи. На крајот Леверкузен – Менхенгладбах 1:1 (0:0).
Домашните ја имаа топката во свој посед, имаа посериозни шанси и една ја претворија во гол, доволно за предност, но не и за победа.

Во првото полувреме немаше голови, а во 70-тата минута Малик Тилман постигна гол. Со малку среќа, топката стигна до него, шутираше и погоди за 1:0.
Екипата на Борусија Менхенгладбах отиде на сè или ништо и успеа да стигне до голот.
Во судиското продолжение, корнер од десната страна изведен од Херман, Табаковиќ беше највисок во скокот и постигна гол за 1:1!

Претходно, Унион Берлин со 3:4 успеа да победи и да освои три големи бода кај Ајнтрахт Франкфурт.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата