Комо ја изненади Фиорентина среде Фиренца!

21.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комо ја изненади Фиорентина среде Фиренца!
ФОТО: Komo 1907/FB

Фиорентина – Комо 1:2 е епилогот на денешниот меч од 4.коло во Серија А. Секако изненадување ако се знае дека домашните не само што беа фаворити туку имаа и водство од 0:1 и тоа со голот на Мандрагора во 6.минута.

И кога се чинеше дека гостите нема што да бараат на ова гостување, прво Кемпф во 65.минута израмни на 1:1, за да во судиското продолжение од мечот, во таа 90+3.минута Адаи донесе победа и големи три бода за Комо.

Ова е втора победа за Комо во досегашниот дел од сезоната, додека Фиорентина и натаму е без победа со две ремија и два порази.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата