Легендарниот Анри ги „фрли“ во транс фановите на Арсенал

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендарниот Анри ги „фрли“ во транс фановите на Арсенал

Неколку години Арсенал не играше во Лигата на шампионите. Без разлика, легендарниот поранешен напаѓач на овој клуб, Тиери Анри, верува дека тимот од Лондон може да го освои трофејот.

Избраниците на Микел Артета не само што обезбедија осминафинале, туку и на првата позиција во групата Б пред крајот. Ова гарантира подобра ждрепка за осминафиналето.

Арсенал му гостуваше на Ленс на Емирати. Францускиот тим не помина добро, на крајот беше 6:0 и Арсенал се пласираше заедно со ПСВ.

По овој натпревар, Тиери Анри го пофали Арсенал. Тој истакна дека оваа екипа не само што е еден од кандидатите за титулата европски првак, туку се надева дека може да го освои и трофејот.

„Тие се помалку убедливи од лани, но сепак се први во групата од Лигата на шампионите и во првенството, па мора да го признаете тоа. Да, мислам дека Арсенал не само што е кандидат за трофејот, туку би можел и да го освои, да се надеваме“, изјави Тиери Анри, а пренесува англиски Метро.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата