Кристал Палас го договори Пино од Виљареал

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кристал Палас го договори Пино од Виљареал
фото: Palace Report (X)

Англиски Кристал Палас го финализираше трансферот на 22-годишниот шпански крилен напаѓач Јереми Пино од Виљареал.

Според Фабрицио Романо, постигнат е усмен договор меѓу сите страни. Станува збор за целосен трансфер за фиксна сума од 30 милиони евра плус дополнителни бонуси. Шпанецот ќе потпише долгорочен договор. Сегашниот договор со „жолтата подморница“ е активен за уште две сезони.

Пино е дете на академијата на Виљареал. Во сениорскиот тим игра од 2019 година и досега веќе има 170 натпревари,  22 гола и 23 асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата